Пред дочек на Нова година ќе се носи спорниот Закон за високо образование

Од:

На два дена пред дочекот на Нова година, власта ќе го носи новиот Закон за високо образование.

И покрај протестите, револтот и несогласувањето на поголемиот дел од студентите и професорите, негативното мислење од домашната и странска експертска јавност, решенијата ќе се гласаат на 29. декември.

Иако се ветуваше јавна расправа, таа започна и заврши експресно. Не е вградено ниту едно барање од Студентскиот пленум или професорската фела.

Околу 110 професори се потпишаа во обраќањето во кое ја информираат Владата дека доколку не отстапи од почнатата постапка повторно да го измени Законот за високо образование, тогаш таа ќе се соочи со жесток отпор во сите негови академски и граѓански облици.

Според Владата се утврдуваат критериумите за тоа кои универзитетите ќе можат да организираат трет циклус на студии, се дозволува ректор, декан/директор да биде лице странски државјанин.Се воведува државен испит. Заради проверка на стручната оспособеност на студентите за самостојна примена на стекнатите знаења, способности и вештини пропишани во самата студиска програма, во текот на студирањето и на крајот на завршната година се изведува и државен испит за студенти запишани на прв, односно втор циклус на студии, освен за студентите запишани на студиските програми по општа медицина. Државен испит не полага студентот за оние предмети кои ги положил во рамките на европските програми за мобилност.

Државниот испит за студенти го реализира Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Студиски програми од трет циклус на студии можат да организираат само универзитетите кои се меѓу првите пет рангирани универзитети и високообразовни установи во состав на универзитетите (факултети и уметнички академии), запишани во регистарот на високообразовни установи во државата, утврдени во последното рангирање.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он