Пречистителната станица во Гевгелија го намали загадувањето на водата

Од:

По само една недела од пуштањето во употреба на Пречистителната станица во Гевгелија, обработената и испуштена вода во реката Вардар ги задоволува потребите во врска со концентрациите на материи во водата која се испушта во реципиентот, велат од гевгелиското комунално претпријатие кое стопанисува со станицата.

– Кога доаѓа во станицата, според мерењата отпадната вода има многу високи биолошки вредности на загадување пред да влезе во трите паралелни линии за третман што се опремени со автоматизирани уреди и одделени по функција. По извршениот третман водата излегува со намалени вредности на загадување во рамки на утврдени параметри и се влева во реката Вардар, велат комуналците од Гевгелија.

Генерираната материја од водата ја прифаќа линијата за тиња што во посебен резервоар ја згуснува и ја одвезува од пречистителната станица со можност да се користи понатаму за ѓубрење на неземјоделски површини или пак како покривка на депониран цврст отпад.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација