Пречек на македонските мировници од мисијата ИСАФ во тетовската касарна

Од:

Во касарната „Кузман Јосифоски – Питу“ во Тетово денеска се врати контигентот на АРМ од составот на првата механизирана пешадиска бригада кој учествуваше шест месеци во мисијата ИСАФ во Авганистан. Македонските мировници беа пречекани од министерот за одбрана Зоран Јолевски и од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.

– Со своето учество во мисииите за одржување на мирот, Репуублика Македонија покажува дека е одговорен член на меѓународната заедница, кој обезбедува значаен и вреден придонес во градењето на мирот и стабилноста во светот, рече министерот за одбрана Јолевски.

Според началникот на ГШ на АРМ, Котески, АРМ во континуитет учествува во мировните операции и придонесува во градење на глобалниот мир и стабилност но, покрај тоа, со учество на вакви мисии, АРМ се стекнува со големо искуство и ја покажува нејзината интероперативност со членките на НАТО.

– Сите ние стоиме гордо исправени пред вас, бидејќи ние како војници и припадници на АРМ на најдобар можен начин ја претставивме нашата армија. Ние бевме нејзини амбасадори, гордо носејќи ја нашата униформа и знаме, истакна пред министерот Јолевски, началникот на ГП на АРМ Котески и други високи функционери од МО и од АРМ, командантот на контигентот потполковник Блаже Николовски.

Во шеснаесетата мировна ротацја на ИСАФ во Авганистан, учествувааа 151 припадник на АРМ кои беа распоредени во главната команда во Кабул. Припадниците на АРМ од механизираната чета, во изминаите шест месеци во Кабул, ги извршуваа своите задачи во рамките на контигентот на Армијата на Обединетото Кралство. Тие беа задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.

За професионалното извршување на задачите и покажаната координираност и компатибилност со силите на НАТО Алијансата, припадниците на АРМ беа оценети со највисоки оценки поради што АРМ и понатаму има висок рејтинг во НАТО.Од мисијата во Авганистан, контигентот на АРМ се врати со два американски медали, две писма на благодарност и 300 сертификати. Следната мисија на АРМ ќе биде во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната