Преброени над 80% од гласовите: Пендаровски 53,20 отсто, Силјановска 43,27

Од:

Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 81,26 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 53,20 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 43,27 отсто.

Неважечки ливчиња се 3,53 отсто.

Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти.

На половина час пред затворањето на гласачките места во вториот круг на претседателските избори на гласање излегле 795,577 граѓани според обработени 97,61 процент од 3.428 избирачки места.

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение