Празничен возен ред на ЈСП

Од:

Наредните три дена, по повод националниот празник Илинден, автобусите на ЈСП-СКОПЈЕ ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Отстапки од неделниот возен ред утре ќе има кај автобусите со број 52, 53, 60, 61, 71, 74, 80А и 81 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Ноќните линии ќе сообраќаат по возен ред како за петок спрема сабота. Линијата за Милениумски крст ќе сообраќа по неделен возен ред. Автобусот со број 59 од Кисела Вода и Ново Лисиче нема да сообраќа за гробишта Бутел.

Во сабота отстапки од неделниот возен ред ќе има кај автобусите со број 15 и 15А, кои ќе сообраќаат по делничен возен ред, а автобусот со број 8 по саботен возен ред поради „Аква-паркот“.

Автобусите со број 47А, 52, 53, 55, 60, 61, 67, 71, 74, 80А и 81 ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во недела ќе се вози по стандардниот неделен возен ред.

Граѓаните, во врска со превозот може да се информираат кај диспечер на телефон 02/3173-224.

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он