А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МОСТ: Инцидентите пред едно од гласачките места во странство го нарушуваат правото на глас

by А1он29/09/2018 - 15:5429/09/2018 - 16:48354
Share0

Инцидентите забележани пред едно од гласачките места во странство ја нарушуваат слободата на граѓаните да го искористат своето право на глас, оцени денеска Граѓанската асоцијација МОСТ.

Добивај вести на вибер

МОСТ го набљудува денешното гласање на болните и немоќни лица, на внатрешно раселените и лицата во затвор или притвор.

– Избирачкото право е гарантирано со Уставот на РМ и никој нема право истото да го повредува. Ги охрабруваме граѓаните во текот на утрешниот ден слободно да го искористат своето гласачко право, а надлежните институции да ги овозможат сите услови за тоа, апелира МОСТ.

Утрешното гласање ќе го следи со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, ќе бидат распоредени исто толку набљудувачи со што ќе се покријат 33 отсто од вкупниот број гласачки места во Македонија.

Набљудувачите на МОСТ се статични и ќе ја следат постапката на гласање во текот на целиот ден.

МОСТ ќе распореди и мобилни тимови, составени од по два набљудувача кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат гласачките места на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи.

Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја следат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

– Во текот на денот, граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, може да го сторат тоа преку бесплатната телефонска линија 080 080 080, наведува МОСТ.

mostreferendum

Би можело да ве интересира

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Горан Наумовски23/08/2025 - 08:01

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Горан Наумовски04/07/2025 - 21:19

Клишас: Во украински „терористички“ напад загинаа седум лица

Горан Наумовски01/06/2025 - 12:01

Русија: Машиновозач загина, a бебе e тешко повредено при уривање на мост врз патнички воз

Горан Наумовски01/06/2025 - 10:36

(ВИДЕО) Два надвозници се урнаа во различни руски региони што граничат со Украина

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:2701/06/2025 - 09:46

(ВИДЕО) Се урна мост во Русија, падна врз воз, најмалку седум мртви, десетици се повредени

Горан Наумовски01/06/2025 - 07:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен