Правниот застапник на СДСМ, Стевица Јосифовски, предложен за член на АЕК

Од:

Комисијата за прашањата на изборите и именувањата во Собранието го предлага адвокатот Стевица Јосифовски да биде еден од двајцата нови членови на Агенцијата за електронски комуникации. Покрај него, меѓу 12 кандидати кои се пријавиле на јавниот оглас, втор предложен член на АЕК е дипломираниот електроинженер, Ервин Реџепагиќ.

Јосифовски бил на позицијата директор на секторот за правни прашања на „Македонски телеком’, претседател на Здружението на правници на Македонија, стручен соработник во Основното јавно обвинителство во Гостивар. Од 2014 година кариерата ја продолжил како адвокат во адвокатската канцеларија „Милановиќ-Јосифовски“. Јосифовски бил и поранешен член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Новопредложениот член на АЕК е од правниот комитет на СДСМ и беше овластено лице на Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија при поднесувањето на приговорите до Државната изборна комисија.

Јосифовски за „Макфакс“ изјави дека мотивот поради кој се пријавил на огласот бил фактот што еден дел од неговата досегашна кариера е тесно поврзан со електронските комуникации: „Ме мотивиршае тоа што како профеисоналец и човек со животно и професионално искуство во оваа сфера можам да придонесам за развојот на електронските комуникации, пред сè од аспект на интересот на корисниците, подобрување на услугите, цените…“, рече Јосифовски.

Предлогот за овие двајца кандидати ќе се најде пред пратениците на седницата в понеделник 28 јануари.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“