А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Правниот тим на Боки-13: Ниту една закана нема да не спречи од реализација на операцијата „Бумеранг”

by А1он01/03/2023 - 09:5301/03/2023 - 09:562366
Share0

Во врска со кривично-правната операција со кодно име „Бумеранг” од страна на полномошниците на подносителот Бојан Јовановски, м-р. Владимир Туфегџиќ и Сашко Дукоски, адвокати од Скопје, вчера на ден 28.02.2023 година истакнато е барање за определување на термини за доставување на докази и сослушување на подносителот Бојан Јовановски пред надлежниот обвинител по оформениот предмет од јавниот обвинител Ислам Абази. Поради итноста, но истовремено и поради целисходноста и ефикасноста на започнатата кривично-правна операција со кодно име “Бумеранг” ја информираме јавноста дека од наша страна за почеток на овој процес ќе бидат побарани однапред определени и утврдени повеќе термини со оглед на обемноста на доказниот материјал. Квалитативната обработка на материјалот, доказите ќе се врши исклучиво во присуство на подносителот Бојан Јовановски и на неговите полномошници, адвокати, велат од правниот тим на осудениот Бојан Јовановски познат како Боки-13.

Добивај вести на вибер

„Поради чувствителноста, карактерот и сериозноста на отпочнатиот процес со кодно име „Бумеранг” апелираме до јавноста дека истиот ќе се врши транспарентно во име на високиот степен на јавниот интерес. Гласно укажуваме до центрите на моќ кои веројатно се директно засегнати од овој процес да не вршат притисоци, да не упатуваат директни и индиректни закани и да престанат со незаконски дејствија на уценувања и заплашувања со цел да го спречат и попречат започнатиот процес “Бумеранг”, секако дека ваквите погоре опишани дејствија од центрите на моќ беа очекувани за нас, но недвојбено истакнуваме дека ништо од сето тоа нема да ја спречи реализацијата на кривично-правната операција “Бумеранг” и дека во одреден момент доколку продолжи трендот на притисоци, закани, уцени, засегнатите страни ќе добијат соодветен одговор за нивните незаконити дејствија кои ИНТЕНЗИВНО И ЗАДКУЛИСНО се случуваат изминатите денови од кога е јавно објавено започнувањето на процесот .

Го повикуваме и меѓународниот фактор во име на императивната заложба за владеење на правото и во име на фактот сто во изминатите години токму од меѓународната заедница се вложени големи финансиски средства во нашата држава и правосудните институции за подобрување и прогрес на правото и правната држава, да го следат со внимание отпочнатиот процес и во рамки на своите надлежности да дадат свој позитивен придонес кон реализација на процесот. Јавноста ќе биде информирана за првиот термин и за останатите усогласени термини за предавање на доказниот материјал и пријави во ОЈО за ГОКК Скопје“, велат од правниот тим.

boki 13

Би можело да ве интересира

Пет години затвор за Боки 13 за „Меѓународен сојуз“

Горан Наумовски13/10/2025 - 12:29

Апелациониот суд Скопје ја објави пресудата за Боки 13

Катерина Ѓуровски04/03/2025 - 10:4904/03/2025 - 10:50

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он03/03/2025 - 15:56

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски07/05/2024 - 12:5407/05/2024 - 13:10

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Катерина Ѓуровски03/04/2024 - 13:56

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски15/12/2023 - 13:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен