Правда ги испрати уставните измени во Влада, во Собрание би требало да бидат во средината од месецов

Од:

Предлог-иницијативата за уставни измени изготвена од Работната група од Министерството за правда е испратена во Владата, која треба да ја разгледа на седница, а потоа и да ја достави до Собранието.

Владата по правило секој вторник одржува редовна седница, но засега нема информација дали предлог-иницијативата ќе се најде на дневен ред на утрешното заседание или ќе биде разгледана дополнително.

Работната група на седница одржана пред десетина дена ја усвои Предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување.

Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. Во Преамбулата после „… бошњачкиот народ“ се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“, изјави по состанокот претседателката на работната група, Маргарира Цаца Николовска. Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во Амандманот 34, кој е заменет со член 49 и Амандманот 2. Во овој Амандман на Уставот на Република Северна Македонија со кој се заменува членот 49 и Амандманот 2, после „… бошњачкиот народ“ исто така се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“.

Засега е неизвесно дали во Собранието ќе бидат прифатени уставите измени имајќи предвид дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува дека нема да ги поддржи. За носење на уставните измени е потребно двотретинско мнозинство или најмалку 80 пратеници.

Премиерот Димитар Ковачевски во однос на ставовите изнесени од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по нивната средба изјави дека сите тие прашања не задираат во прашањето за

За в среда е најавена средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Како што соопштија од Владата, на средбата ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на земјата, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

Претседателот на Собранието Талат Џафери минатата недела изјави дека постапката за уставните измени може да почне и паралелно да траат политичките разговори, имајќи предвид дека од доставувањето на Предлог-иницијативата до седницата мора да поминат 30 дена за да можат пратениците да ја разгледаат.

Очекувањата се дека уставните измени би биле испратени во Собранието кон средината на овој месец.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Сценариото на оската ДУИ – СДСМ и структури од поранешното раководство во ВМРО-ДПМНЕ нема да помине, уставни измени под бугарски диктат нема да има

Предраг Петровиќ

Радев: Уставните измени се европски, а не бугарски барања

Рот: Не е време за меѓусебни уцени, ЕУ има јасни очекувања

Катерина Ѓуровски

Ковачевски-Сарацин: Одлуката за уставните измени е одлука да се биде дел од ЕУ, Северна Македонија да продолжи по европскиот пат

Ковачевски: Пред нас е усогласување на ставот на политичките партии за уставните измени

Демократски сојуз: Криминално водство на државата не може да биде кредибилен фактор пред странците ,а уште помалку да ги штити националните и државните интереси