Пратеник од Алијанса на Албанците направил скандал на Блаце: мавтал со дипломатски пасош за преку ред да влезе во Македонија

Од:

Пратеникот Абдула Салиу од Алијанса на Албанците, вчера на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце за да помине преку ред оти имало долга колона возила.  „А1он“ дознава дека пратеникот прво го испратил синот да го однесе неговиот дипломатски пасош на полицијата, за да ги пуштат побрзо, а потоа возејќи по тротоар за да ги престигне автомобилите кои чекале пред него, дошол до кабините на полицајците, им ги фрлил документите и се развикал. Им викал дека никаде во Европа не чекал ред па нема ни тука.

Пратеникот Салиу за „А1он“ потврди дека побарал да помине побрзо оти имал дипломатски пасош, но тврди дека полицијата и царината биле дрски и неедуцирани.

“Видете, јас се враќав од Косово и на граница, иако не го употребувам многу дипломатскиот пасош, имаше долги колони, па бидејќи ми следува го искористив. На одење не го употребив, немаше многу гужва и чекав 15-20 минути. За влез имаше многу и отидов преку ред. Тоа што сте слушнале/виделе тоа се случи. За жал, тие луѓе кои се таму, сигурно се партиски. Видоа дека сме од друга партија и можам да ви докажам дека службеникот кој се претстави како шеф на смена се јави на друг, велејќи “Го имаме еден од другата партија, вака и вака, дошол да помине”. Во таа колона немаше луѓе, во таа лента. Не ми кажаа дека треба да се вратам во колоната туку ми ги врати документите. Ми рече дека шефот треба за тоа.. А зошто шефот? Ако треба на шефот, одете и кажете му, па ако ме пушти – добро, ако не… Потоа тој пак ги зема документите отиде кај шефот, ги однесе и тој дојде, се претстави и дрско се однесуваше. А јас – не. Јас не сум тип на човек кој сум дрзок. Се претстави. Буквално ќе ви кажам дека на граница не се едуцирани. Треба да се едуцираат тие луѓе. Тоа е мое мислење”, вели пратеникот Салиу за “А1он”.

Тој се сомнева дека полицијата и царината на Блаце се корумпирани.

“Ми ги зедоа документите, ми ги вратија и ми рекоа ‘одете си’. Нека поднесат пријави, што да правам.. Ми рече ‘јас ќе напишам потврда…’, не знаеше што зборува, глупости.. Двајца беа на смена. Едниот од Блаце, другиот од Арачиново, се заинтересирав кои се.. Знаете кој може да биде шефови.. Јас неколку пати сум поминал, сум одел за Турција, Бугарија.. Многу коректно, овде многу дрско. Можеби се толку се корумпирани, што можеби им е жал што некој поминува…ај сега да не зборувам. Во регулативата стои дека со тој дипломатски пасош, човекот што е со него, фамилијата или луѓе што се со него можат да поминат преку ред. Таква е регулативата”, објаснува пратеникот Салиу.

Тврди дека е мирољубив човек, не направил скандал и не ги фрлил документите кон полицијата.

“Не сум им ги фрлил документите, апсолутно. Има и камери, апсолутно не. Тие се на власт и си прават што сакаат. Понатаму – немам зборови да ви кажам. Не знам што ќе биде, јас сум мирољубив човек по природа. Јас ќе се согласам сите да се еднакви, јас дури сум приврзаник на таа логика да се чита. Но, ако законот тоа ми го дозволува зошто тоа да не го искористам тоа право. Дури и кога има 15-20 минути да чекам – не се покажувам. Дури имав и примедба на Крива Паланка кога шефот на смена ми кажа ‘Вие господине сте можеле без да чекате да дојдете’. Им кажав ‘Има две-три коли, не сум заинтересиран сега да се покажам, да одам над граѓаните”, рече пратеникот Салиу.

Законот предвидува казна од 100 до 400 евра за лицата кои на јавно место се караат, викаат или непристојно и дрско се однесуваат со што го нарушуваат јавниот ред и мир.

Би можело да ве интересира

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови

Малолетник украл автомобил и бегајќи удрил во друго возило – приведен е

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет