Пратениците утре ќе расправаат за доверба на Владата, за реформските закони в четврток

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за доверба на Владата, побарана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Џафери за четврток,апк, ги одложи продолженијата на три седници, што беа планирани за денеска, а на кои како останати точки од дневниот ред се реформските закони.

Во известувањето од Собранието стои дека 22-та, 34-та и 35-та седница наместо денеска ќе продолжат во четврток на 12 април во 11:00 часот.

На 22. седница се измените и дополнувањата на законот за Заштита на сведоци, по скратена постапка, на 34-та е дополнувањето на Законот за судовите, во второ читање, а на 35-та се дополнувањата на Законот за јавното обвинителство и Законот за кривична постапка, во второ читање.

Во четврток се очекува да биде закажана уште една седница на која ќе се гласаат и законите за следење на комуникациите, што денеска треба да поминат на Комисијата за одбрана и безбедност.

На продолженијата на седниците во четврток се очекува да присуствуваат и пратениците од опозициската партија, кои најавија дека ќе учествуваат во работата на Собранието по седницата за интерпелација на Владата.

Реформските закони, кои се усогласени и со опозицијата, треба да бидат донесени до крајот на неделата, пред објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата на 17 април.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он