Пратениците од власта и опозицијата предложија листи за локалните избори да се доставуваат до 8 март

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи итна седница на која на дневен ред се измени и дополнувања на Изборниот законик по итна постапка со кои се предвидува продлжување на рокот за доставување на кандидатски листи за советници и  градоначалници за уште пет дена, односно определување на дополнителен рок до 8 март за поднесување на листи од страна на регистрирани политички партии или коалиции.

Овојпат Предлогот на закон  до Собранието  е потпишан од пратениците од најголемите пратенички групи во Собранието. Најавено е дека денеска опозицијата ќе го прекине бојкотот на Парламентот и оти пратениците ќе се вратат на работа.

Потписи на овој предлог имаат ставено координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, заменик координаторот на СДСМ Весна Бендевска, координаторот на НСДП и ЛП Горан Мисовски и новиот координатор на ДУИ Неџати Јакупи.

Одржувањето на итната седница на Парламентот го најави вчера претседателот на Владата во обраќањето до нацијата по разговорите и средбите со бриселската тројка и договорот со опозицијата за надминување на политичката криза во земјата.

Претходно Владата со намера да овозможи опозицијата да достави свои кандидатури за претстојните локални избори што ќе се одржат на 24 март исто така му предложи на Собранието продолжување на рокот до 3 март на полноќ.

Инаку, првичниот рок за доставување на кандидатурите за советници и градоначалници на локалните избори беше до 16 февруари.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица