ВИДЕО: Пратениците од опозицијата бараат денеска да не се дискутира за Законот за јазиците, Џафери им порача да уживаат

Од:

Галама, дофрлувања, тропање по маса и меѓусебни довикувања во собраниската сала го одбележаа денешното враќање на опозицијата во парламентот. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои поднесоа над 35.000 амандмани за законот за јазици, бараат тој да се повлече од дневен ред на седницата. Секој пратеник од опозицијата поединечно се изјаснува за законот за јазици со истото образложение дека законот кој е предложен како осма точка е неуставен и дека треба повеќе време за да се донесе.

Пратеникот Зоран Илиоски побара да биде ставен како последна точка, а Антонијо Милошоски бараше да биде повлечен бидејќи не бил приоритет за државата. Пратеничката Ане Лашкоска од истата партија побара да се тргнат сите други триесетина точки и да се дускутура само за законот за јазици.

Предлозите не беа прифатени од мнозинството, а Собранието сè уште не може да утврди дневен ред за работа, откако претходно ВМРО-ДПМНЕ побара едночасовна пауза, со образложение дека во последен момент добиле порака за измени на дневниот ред. Опозициските пратеници бурно реагираа на точката за избор на потпретседатели на Собранието, барајќи повторно пауза, на што Џафери им порача „седете и уживајте”, бидејќи точката била тргната од дневниот ред. Откако пратеникот Антонио Милошоски излезе на говорница и зборуваше на исклучен микрофон, му се придружија и неговите колеги.

„Сега седнете на своите места да ја продолжиме седницата. Јасно и течно зборувам, за тие кои не разбираат нека стават слушалки. Седнете и уживајте“, им рече Џафери, по што пратениците се вратија на своите места.

Претходно Џафери не им даде право на процедурална забелешка на опозициските пратеници, со образложение дека такво право има координаторот на пратеничката група, Владо Ѓорчев, а тој не е присутен на седницата.

Според Илија Димовски целта не е да се закочи работата на Собранието, туку да се вклучат сите фактори во неговото донесување. „Се плашиме дека законот ќе генерира кризи во иднина. Има сосема доволен простор СДСМ и ДУИ да си ги проверат и преиспитаат решенијата за законот, тоа може да го направат со партиите, експертите, факултетите“, рече тој.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он