Пратениците напладне треба да ја продолжат расправата за избор на новите министри

Од:

Во Собранието денеска треба да продолжи расправата за изборот на новите министри за правда, зза здравство, за информатичко општество и за животна средина и просторно планирање.

За министер за правда е предложен Кренар Лога, за министер за здравство Фатмир Меџити, за министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу и за министер за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Дебатата траеше до доцна синоќа, а претседателот на Собранието Талат Џафери го закажана продолжението за денеска во 12 часот.

Расправата за изборот на новите министри почна вчера, а уследи откако по речиси две недели беше завршена расправата за разрешувањето на досегашните министри од редовите на „Алтернатива“ и тоа за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и на министерот без ресор задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи.

Премиерот Димитар Ковачевски на почетокот на расправата за изборот на новите министри од кои тројца се од редовите на „Алијанса за Албанците“ ја побара довербата од пратениците за формирање на, како што посочи, постабилна, поуспешна, поефикасна и фокусирана Влада.

На 104. седница треба да бидат разрешени и замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу и да бидат избрани нивни заменици.

На стартот на седницата, што почна на 13 февруари, беа констатирани оставките на министрите за правда Никола Тупанчевски и за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги