ВИДЕО: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест ја напуштија собраниската сала

Од:

Изреволтирани од одлуката на пратениците од парламентарното мнозинство, да не ги поддржат измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест ја напуштија собраниската сала.

– Во знак на револт, сите пратеници од опозицијата во овој момент ќе ја напуштат седницата и на парламентарното мнозинство ќе им дадат 15 минути да обезбедат кворум за продолжување на седницата. Доколку не го сторат тоа ние ќе се вратиме назад. Ова е само во знак на протест, јавноста да дознае за одлуките на парламентарното мнозинство, рече Илија Димовски, координатор на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ.

Со предлогот за измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, пратениците од ДПМНЕ иницираа зголемување на пензиите за 5% од наредната година, но предлогот со 54 гласа против беше одбиен.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on