ВИДЕО: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираа говорницата, Џафери даде пауза

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на самиот почеток на денешното продолжение на шестата седница на Собранието за разрешувањето на јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлески даде пауза откако претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ присутни во салата застанаа пред говорницата.

Собранискиот спикер Талат Џафери даде збор на пратеничката Владанка Авирович, а истовремено на говорницата излезе пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Откако Милошоски одби да ја напушти говорницата, Џафери побара од обезбедувањето да обезбеди услови за работа бидејќи, како што рече, му нема дадено збор. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ застанаа пред говорницата, а претседателот на Собранието даде пауза.

На почетокот на продолжението на шестата собраниска седница пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека барањето за разрешување на Зврлевски е незаконско и спротивно на Деловникот и повторно побара оваа точка да се симне од дневниот ред.

Како што се наведува во образложението, Владата предлага Собранието да го разреши Јавниот обвинител поради незаконско, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Во документот стои и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата и дека го нарушува нејзиниот углед.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието