Пратениците на СДСМ од првиот парламентарен состав на Зоран Заев му подарија уметничка слика

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заменик претседателката, Радмила Шекеринска и генералниот секретар, Оливер Спасовски, денеска се сретнаа со првите пратеници од редовите на СДСМ во парламентарниот состав 1991 – 1994 година. Повод е 20 годишнина од завршување на нивните пратенички мандати.

Поранешните пратеници на СДСМ потсетија на клучната улога на СДСМ во создавањето на државата, донесувањето на Уставот, за влезот на Македонија во Обединетите Нации како прв чекор кон европските интеграции, што е резултат на мудри одлуки и политики.

Првите парламентарци на СДСМ, со жалење констатираат дека денес Македонија се соочува со незапаметена сиромаштија, беда и уништување. Ги пренесоа своите впечатоци за иселувањето на младите, кои се почесто се одлучуваат за земање пасоши од соседните земји коишто беа далеку поназад од Македонија, но сега се понапред во евро – атлантските процеси. Тие се загрижени за загрозување на државотворноста на земјата.

Сите пратениците од првиот пратенички состав на СДСМ на денешниот состанок дадоа безрезервна поддршка на политиките на раководството на СДСМ, за непризнавање на изборниот процес, неприфаќање на пратеничките мандати од последните избори и за истрајност во барањето создавање услови за формирање техничка влада којашто ќе спроведе фер и регуларни избори.

На средбата со раководството на СДСМ тие понудија и помош и во натамошната борба против, како што и самите велат, режимската власт на Никола Груевски.

Претседателот Заев им се заблагодари за нивниот придонес и за државата и за партијата и најави рече дека нивното искуство е драгоцено и добредојдено.

Пратениците на СДСМ од првиот парламентарен состав, на претседателот Зоран Заев, му подарија уметничка слика.

DSC00161

DSC00156

DSC00127

DSC00125

DSC00111

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан