Пратениците на НДП се враќаат во Собранието

Од:

Пратениците на НДП се враќаат во Собранието и како опозиција ќе учествуваат во неговата работа.

Одлуката била донесена прексиноќа на состанок на партиското Централно претседателство, кога било констатирано дека поголема штета прават ако го бојкотираат парламентот, отколку да се внатре и да ги бранат ставовите на граѓаните кои ги избрале.

Пратеникот од НДП Изет Зекири најави дека утре, најдоцна задутре, заедно со колешката Фламуре Демири – Креци ќе дојдат во Собранието и ќе предложат одлука за формирање Анкетна комисија, која треба да ги истражи случувањата на 24-ти декември.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски