Пратениците на Левица го бојкотираа годишното обраќање претседателот Пендаровски

Од:

Ја известуваме македонската јавност дека двајцата опозициски пратеници на Политичката партија Левица во Собранието на Република Македонија – Димитар Апасиев и Борислав Крмов – традиционално, веќе трета година по ред, не присуствуваа на пленарната седница, на која се обрати претседателот на Републиката – Стево Пендаровски. За нас, тој е невидлив претседател и како таков треба да биде третиран во законодавниот дом, се вели во партиското соопштение од Левица.

„Нашите пратеници одбиваат да партиципираат во формалистичкиот театар на т.н. „шеф на државата“, кој ги одмолчи сите национал-шовинистички испади на нашите балкански соседи и божемни европски партнери – за кои, сè почесто, во нивните јавни обраќања, стануваме „Северномакедонски пријатели“. Сметаме дека еден ваков ситнодушест буржуј, кој сервилно го одмолчува секојдневното подигрување со инсигниите на македонската нација и негирањето на македонскиот јазик, нема ништо паметно да каже и затоа не го заслужува вниманието на нашите народни пратеници и на пошироката јавност.

Пендаровски, познат по своите психички неурамнотежени испади на прес-конференции, по својот некреативен дрвен новоговор и апологет на невизионерскиот НАТОфундаментализам, никогаш не бил и нема да биде вистински прифатен како „Татко на нацијата“. Тој ќе остане запаметен како промотор на антимакедонската сервилна меѓународна политика, која преку национално понижување на Македонците, Републиката ни ја направи протекторат на западните корумпирани елити. Неговото неминовно заминување од политичката сцена во 2024 година ќе биде катарза за нов почеток во водењето на современа, достоинствена и мултиполарна државничка надворешна политика, креирана од новата генерација храбри македонски политичари, со визија за еден нов и праведен свет. Долу вазалите! Долу косоваризацијата!
Долу бугаризацијата! Да живее слободна и суверена Република Македонија!“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Клековски ги искара професорите и докторите додека ВМРОвски аматери, вклучувајќи го и него, го водат јавното здравје

Левица: Гостивар е цената што ја плаќаме за партизирана држава

Левица: На гостиварци им течел отров од чешмите, институциите потфрлиле

Левица: Недозволиво е Мицкоски да ја сведува државната реакција на флаширана вода и префрлање одговорност за Гостивар

А1он

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Левица: Европската престолнина на културата претставена со „Св. Сава“ и Букефал со пет нозе – Орце продолжува да го брука Скопје

Горан Наумовски