Пратениците на координација за кворум, Милошоски пред сала ја чека точката за ДИК

Од:

Само десетина минути траеше седницата на која на дневен ред се изборот на потпретседатели на Собранието и објавувањето оглас за избор на нов состав на ДИК. Пратениците не успеаја да го утврдат дневниот ред бидејќи не обезбедија кворум за работа. Собранискиот спикер, Талат Џафери, даде половина час пауза и ги повика на координација координаторите на пратеничките групи.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се присутни, со исклучок на пратеникот Антонијо Милошоски, кој чека надвор од салата, како предлагач да ја образложи точката за комплетирање на составот на Државната изборна комисија. Тој изрази сомневање дека власта се обидува да го опструира изборот на членови на ДИК со тоа што ќе ја повлече точката од дневен ред или ќе се гласа против.

Претходно, пратениците ги изгласаа измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кој како категорија на осигуреници ги опфаќа и индивидуалните земјоделци. Од 2013 година, како што рече министерката Мила Царовска, се воспостави нова дефиниција „семејно земјоделско стопанство“, но до 1 декември 2017 година сè уште не е воспоставена можност да се изврши нова категоризација на земјоделците.

Затоа предвидуваме натамошно задржување на претходната дефиниција „индивидуални земјоделци-обврзници на данок на приход од вршење земјоделска дејност на кои земјоделската дејност им е единствено занимање“, образложи Царовска.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on