А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пратениците Кузмановска и Јовановиќ на студиско патување за одржлива урбана мобилност во Љубљана

by А1он10/05/2019 - 10:40159
Share0

Од 12 до 15 мај делегација од Собранието на Република Северна Македонија ќе присуствува на студиска посета во Љубљана, Република Словенија. Во делегацијата учествуваат претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска и членот на Комисијата, Мирослав Јовановиќ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Студиското патување за одржлива урбана мобилност и планирање на сообраќајот по примерот на градот Љубљана е организирано за парламентарци од Југоисточна Европа – регион Западен Балкан, а организиранo од страна на ГИЗ Отворен регионален фонд за ЈИЕ- Енергетска ефикасност, во име на Германското федерално министерство за економска соработка и развој.

На отворањето се очекува воведно обраќање да имаат организаторите на студиското патување, Ањаж Плевнич и Владимир Бабич, како и градоначалникот на градот Љубљана, Зоран Јанкович. Исто така, се очекува учество да земат и Матик Сопотник, од Одделот за транспорт и Леа Рикато-Ружич, претставник од невладиниот сектор.

На вториот ден од студиската посета се очекува да се одржи состанок со Едвард Паулич, член на Националното собрание, претседател на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање и Полона Демшар-Митрович, шеф на тимот за одржлива мобилност, на тема: „Национална поддршка за планирање на одржлива мобилност“. Исто така, се очекува да учествуваат и Лука Младенович и Јошт Шмајдек, претставник на компанија за јавен превоз во Љубљана.

Следете a1on на Youtube YouTube

Студиското патување е од големо значење, бидејќи се очекува да се разменат искуства и практични примери во врска со одржливата урбана мобилност и планирање на сообраќајот по примерот на градот Љубљана, се посочува во соопштението од собраниската прес-служба.

sobranie

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:35

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео