А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пратениците ќе гласаат за избор на новите министри

by А1он27/06/2019 - 08:4027/06/2019 - 09:28279
Share0

Со мнозинство гласови по десетчасовна расправа, Собранието вчера ги разреши од функцијата министерите за финансии и за локална самоуправа, Драган Тевдовски и Сухејл Фазлиу и министерот без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика. Во текот на седницата, пратениците ги констатираа оставките на министрите за земјоделство и за култура, Љупчо Николовски и Асаф Адеми, како и на министерот за животна средина Садула Дураку и министерот без ресор Зоран Шапуриќ.

Следете a1on на Instagram Instagram

На дневен ред на продолжението на седницата закажано за денеска е именувањето на новите министри. Пратениците ќе треба да гласаат за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа, Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Расправата за предложената реконструкција на Владата вчера помина во остри реплики и контрареплики меѓу опозицијата и власта. Пратениците се конфронтираа и за капиталните инвестиции, за Договорот од Преспа и за евроинтегративните процеси на државата.

На обвинувањата на опозицијата дека економските политики не даваат резултати и оти задолженоста, а и дека немало странски инвестиции, премиерот Зоран Заев посочи дека странските инвестиции се најголеми во Европа споредено со БДП на земјата, просечната плата е зголемена, решени се проблемите со субвенциите во земјоделството од минатото, решен е откупот на земјоделските производи, има раст на земјоделското производство….

Следете a1on на Youtube YouTube

Пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов пак рече дека најдобар показател дека економијата се движи во виситинска насока е растот на БДП во првиот квартал од годинава за 4,1 процент што според него ќе мотивира зголемување на минималната и просечната плата и на пензиите и ќе даде придонес за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Опозицијата оцени дека станува збор за погрешни кадровски решенија бидејќи се разрешуваат ефикасни министри, а остануваат министри во Владата кои не покажале резултати. Според нив, оние кои требало да бидат разрешени се вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи бидејќи тој не успеал да ги координира активностите за државата минатата година да добие датум за преговори со ЕУ, потоа министерот за образование Арбр Адеми и министерот за животна средина Садула Дураку, кој наместо да биде разрешен, е прераспределен на нова функција во новото Министерство за политички систем.

Пратеникот Влатко Ѓорчев обвини дека се тргаат луѓе кои се неистомисленици. Говореше за оставката на заменик-министерот за образование Петар Атанасов и за разрешувањето на министерот за финансии Драган Тевдовски кое, според него, е погрешно.

– За Драган Тевдовски може било кој што да каже, но сите знаеме дека е чесен. Драган Тевдовски има образ и е чесен. Не се согласувам со неговите политики и неговиот концепт, но во оваа Влада има барем 10-15 министри на кои местото им е да им се побара оставка. Цела оваа метла се сведе на тоа Драган Тевдовски да го изгуби ресорот, рече Ѓорчев.

Во репликата, Заев појасни дека проценил оти Атанасов во моментов не може да ја извршува министерската функција во Министерството за образование.

– Не е соодветно време тој да ја преземе палката на Министерството за образование. Ги знам и предностите, ги знам и слабостите. Така сум оценил, истакна Заев.

Премиерот на почетокот на расправаата по реконструкцијата на Владата, го повлече предлогот во исто време да биде и министер за финансии, појаснувајќи дека согласно овлатувастувањата со Законот за Влада, ќе раководи со Министерството за финансии, се до изборот на нов министер.

Образложувајќи го овој чекор, тој рече дека мора да се послушаат сугестиите на опозицијата, како и Антикорупциската комисија, која, според него, испратила сериозна порака.

sobranievlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:35

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео