Пратениците ја продолжија расправата за разрешување на министерот за информатичко општество Алити

Од:

Собранието денеска, во рамки на 104. седница, ја продолжи расправата за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

Расправата почна во петокот, откако во четвртокот вечерта заврши дебатата за разрешувањето на министерот за здравство Беким Сали. Гласањето за разрешувањето на Сали треба да биде дополнително закажано, а не се одржа бидејќи немаше доволен број пратеници во собраниската сала.

Покрај разрешувањата на Беким Сали и Адмирим Алити, на дневен ред на 104-тата седница се и разрешувањето на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи, како и назначувањата на Фатмир Меџити за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество, Кренар Лога за министер за правда и Каја Шукова за министер за животна средина.

Разрешени треба да бидат и заменик–министрите за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу, додека за нови заменик-министри во Владата се предлагаат Тирон Јајага за одбрана, Викторија Аврамовска – Мадиќ за правда, Маја Манолева за здравство, Вјолца Бериша за земјоделство и Агим Нухиу за образование и наука.

Сто и четвртата седница почна на 13 февруари, а Собранието претходно ги констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на заменик-министрите за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги