Пратениците ја донесоа одлуката за составот на работните тела на Собранието

Од:

Со 98 гласа „за“ пратениците ја донесоа предлог – одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите во Собранието.

По повеќе од месец дена пауза, Собранието конечно ги доби работните тела со што се создадени услови за разгледување на предложените законски решенија, нивни измени, како разгледување и носење одлуки. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во овој парламентарен состав ќе раководат со по осум собраниски комисии, ДУИ со три, додека Беса, Алијанса за Албанците и Алтернатива добија по една собраниска комисија.

По изгласувањето на одлуката, собранискиот спикер Џафери даде пауза од еден час по што ќе следи втората точка на дневниот ред верификација на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги