Пратениците изгласаа – се воведува функцијата заменик директор во сите јавни претпријатија

Од:

Собранието на Република Македонија во попладневниот дел на 77-та седница го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија по скратена постапка поднесен од пратениците Александар Кирацовски, Реџаиљ Исмаили, Благојче Трпевски и Јусуф Хасани.

Со ова законско решение се воведува функцијата заменик директор во сите јавни претпријатија.

На дневен ред на денешната седница по скратена постапка беше и предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, поднесен од повеќе пратеници, за кој претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека е повлечен.

Пратениците претходно донесоа и повеќе законски решенија во прво читање кои се дел од реформскиот пакет во правниот сектор, меѓу кои измените и дополнувањата на законите за судови, за прекршоци, за Судскиот совет, за управни спорови и за извршување на санкции.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он