А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пратениците едногласно го донесоа Законот за урбанистичко планирање

by А1он04/02/2020 - 19:1105/02/2020 - 23:50318
Share0

Собранието попладнево едногласно го донесе Дополнетиот предлог на закон за урбанистичко планирање по осуммесечна дебата и активно вклучување на сите пратенички групи и експертската јавност.

Следете a1on на Instagram Instagram

За пратениците, овој закон е пример како во иднина треба да се носат суштинските закони низ јавни дебати, почитување на експертското мислење и прифаќање на забелешките од сите засегнати страни.

Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ изрази задоволство од кооперативноста на министерот за транспорт и од активната вклученост на пратениците во изготвувањето на ова законско решение.

Верувам дека како Комисија, иако на крајот на овој пратенички мандат, дадовме пракса за идните пратеници како треба да се носат суштинските закони, рече Затуровска.

Следете a1on на Youtube YouTube

За пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, добро е тоа што се носи закон со кој ќе се изгради систем на урбанистичко планирање со кој ќе се штити пред се интересот на граѓаните.

Министерот за транспорт Горан Сугарески смета дека се работи за одличен закон со кој ќе се стави ред во урбанистичкото планирање, а неговото донесување апелираше да стане пример како во иднина треба да се носат суштинските закони.

За вакви суштински закони мора да се седне и да се разговара.

Задоволство му е што законот ќе биде донесен едногласно. Се надевам дека на ист начин ќе биде донесен и законот за градење, рече Сугарески.

Законот влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“, а ќе отпочне да се применува во рок од 120 дена од денот на влегувањето во сила.

Покрај овој закон денеска пратениците донесоа уште неколку закони, а продолжението на седницата е закажано за утре во 12 часот.

mtspsobranie

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Горан Наумовски26/10/2026 - 14:13

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 12:2319/10/2026 - 14:17

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он14/10/2026 - 20:33

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 13:04

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски09/09/2026 - 12:1009/09/2026 - 12:56

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on03/09/2026 - 17:4603/09/2026 - 17:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео