Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето

Од:

Членовите на собраниската Комисија за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), според договореното од вчерашната седница, денеска треба да ја посетат Агенцијата за разузнавање откако вчера беа во посета на АНБ за да извршат надзор по наводите за прислушување.

Откако во јавноста излегоа информации дека во периодот од 2019 до 2024 година се прислушувале новинари, бизнисмени и премиерот Христијан Мицкоски како тогашен лидер на опозицијата, од власта бараат одговорност, а од опозицијата декласификација на документацијата.

Директорот на АНБ Бојан Христовски изјави дека целата документација е предадена на Обвинителството, а оттаму на 5 септември информираа дека тим од истражители од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) биле во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во рамки на предистрагата за наводите за незаконско прислушување при што била договорена динамиката за спроведување на увидот во документацијата со која располага АНБ, а која се однесува на наводите содржани во известувањата доставени до ОЈО ГОКК.

По објавувањето на информациите за прислушувањето, прашањето беше иницирано и во собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР кои вчера одлучија да извршат надзорна посета во АНБ и АР.

Би можело да ве интересира

За Филипче, скандалот со АНБ пукна како петарда во раката на ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски упатува на Обвинителството

Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се „издига на клоци“ ако не покрене обвинение

Само членовите на Комисијата за контрола на АНБ и АР кои имаат безбедносни сертификати ќе ги проверуваат документите

Комисијата за надзор на работата на АНБ утре ќе одржи седница, ќе претседава Скендер Реџепи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Договорена динамика за увид во документацијата за наводите за незаконско прислушување