Пратеничката група на СДСМ, НСДП, ЛДП и ПДТ е против намерата за ново задолжување на граѓаните

Од:

Пратеничката група  на СДСМ, НСДП, ЛДП И ПДТ  најжестоко се спротивставува на намерата на власта во заминување да ги задолжи граѓаните со издавање нова еврообврзница од 650 милиони евра. Ова претставува финансиско злосторство врз граѓаните, македонската економија и идните генерации, рече Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Кримналната власт во заминување, нема ниту легитимитет, ниту легалитет да носи вакви незаконски одлуки.

Во моментов постојат истраги за изборна измама, изборен фалсификат,  за што е осомничено злосторничкото здружување во врвот на ВМРО-ДМПНЕ.

Со Ребалансот на буџетот, разулавената власт треба да се откаже од сите непродуктивни трошоци  коишто ги прави цо изминативе години, за да има пари за нормално функционирење на државата.

Финансикото злосторство од 650 милиони евра, криминалната власт исклучиво го бара за корупција на гласачкото тело и полнење на приватните џепови на фамилијата.

Ќе направиме се што можеме ова  финансиско злосторство да го спречиме,  во интерес на граѓаните и иднината на Република Македонија.

Доколку не биде испочитувана законската процедура, како при издавањето на последнатаеврообврзница, тогаш по промената на власта ќе го оспориме ова задолжување како законски јавен долг а сите инволвирани во незаконското задолжување ќе понесат одговорност.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија