Пратенички од СДСМ: Вознемирени сме од обидот за физички напад на пратеникот Бране Петрушевски и навредите кон пратеничката Лазаревска

Од:

„Во време кога целата јавност испраќа јасна порака против говорот на омраза и сите форми на родово базирано насилство, токму ние жените пратенички сме секојдневно изложени на политичка некултура, шовинизам и сексизам од страна на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ“, реагираат пратеничките од мнозинството за „обидот за физички напад на пратеникот Бране Петрушевски и навредите кон пратеничката Лазаревска од СДСМ“.

„Вознемирени сме од денешниот чин на брутална навреда, вербален и обид за физички напад на колегата Бране Петрушевски кон пратеничката Жаклина Лазаревска.

Силно го осудуваме овој чин. Пратеникот Бране Петрушевски должи јавно извинување и тоа е најмалку што може да го направи денеска! Имаме и други механизми кои веројатно е крајно време да бидат активирани!

Итна промена на Етичкиот кодекс од комисијата за мандатно имунитетни прашања; Итна промена на деловникот на Собранието за санкционирање на вознемирувањето на работното место!

Во Домот на демократијата мизогинијата, омраза или предрасуда кон жените, не смее да биде оружје за дел од колегите пратеници со кое се пресметуваат со нас жените. Говорот на омраза спрема жените не смее биде наше секојдневие и ние тоа нема да го толерираме“, се додава во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции