Пратеничката Туфегџиќ на конференција во Трст

Од:

Пратеници и претставници на невладиниот сектор од европските држави и од земјите-аспиранти ќе дебатираат заедно на конференцијата „Поврзувањето на младите-движење напред”, што денеска и утре се одржува во Трст, во рамките на програмата на Европскиот парламент за млади политички лидери, непосредно пред одржувањето на Самитот за Западен Балкан.

На конференцијата, како што информираат од Собранието на РМ, учествува само по еден пратеник од парламентите на земјите на регионот на Западен Балкан. Од Македонија учествува пратеничката Ивана Туфегџиќ.

На Конференцијата претставниците на невладиниот сектор од европските држави и од земјите-аспиранти, ќе дебатираат заедно и со директорката за Западен Балкан во Европската комисија Геновева Руиз Калавера и со европратеникот и член на Еразмус+Алумни Фабио Масимо Касталдо, а се очекува на затворањето да се обрати еврокомесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан.

Конференција, како што информираат, има за цел да ги обедини искуствата, мислењата и конструктивните приоди кон прашањето на поврзување на младите, кое е тесно поврзано со демократските процеси, степенот на развиеност на политичката култура и со изборното законодавство на земјите од овој регион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?