Сугарески: Немаме намера да учествуваме во Анкетната којашто ВМРО-ДПМНЕ сам си ја составува

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески денеска изјави дека тие немаат намера да учествуваат во Анкетна комисија за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи.

– Апсолутно немаме никаква намера да учествуваме во Анкетната комисија којашто ВМРО-ДПМНЕ сам си ја составува во ова Собрание која не ниту согласно договорот од Пржино. Нашиот став поврзан со анкетните комисии е за утврдување на политичка одговорност на функционери така што во ова Собрание веќе има формирано Анкетна комисија согласно договорот од Пржино, а таа е поврзана со скандалот со прислушувањето и ги опфаќа сите работи со одгвоорност на избрани и именувани функционери во оваа држава, изјави Сугарески.

Според него, за се што е поврзано со скандал а не е поврзано со политичка одговорност има институции…

– Специјалното јавно обвинителство може да ги истражува овие случаи поврзани не само со пасоши и со лични карти и со сиот криминал во оваа држава и затоа не гледаме апсолутно причина за наше учество, рече Сугарески откако денеска на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата беа предложени членови од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА за членови на оваа Анкетна комисија.

Пратеничката група на СДСМ, според Сугарески, не гледа потреба од формирање на таква Анкетна комисија ниту ја смета за легитимна.

– ВМРО-ДПМНЕ бара алиби затоа што очигледно во МВР во моментот се води темелна истрага, смета Сугарески.

Во однос на барањето за увид во работното искуство на Силвана Бонева, член на ДИК, рече дека опозицијата ќе поднесе ново барање според Законот за информации од јавен карактер.

За случајот, пак, со пензионирањето на Виолета Дума исто така член на ДИК, Сугарески рече дека на собраниската седница ќе бидат приложени документи со кои опозицијата ќе се обиде да докаже дека точката на дневен ред е незаконски ставена и дека мнозинството нема право да ја разрешуи согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

За разрешување на Дума е потребно мнозинство од 82 пратеници.

– Во моментов не размислуваме за друг каднидат затоа што сметаме дека Виолета Дума треба да остане член на ДИК, рече Сугарески.

 

Би можело да ве интересира

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски