Прашањето за парламентарното мнозинство останува отворено

Од:

Повик за проширување на парламентарното мнозинство за европска иднина на земјава, обелоденување на случај за нелегално финансирање на политичка партија, но и повик до институциите да извршат увид во наводното нелегално финансирање, го одбележаа вчерашниот ден на партиско ниво.

Позитивни вести испрати швајцарската компанија за управување со ризици „Глобал Риск Профајл“ (ГРП), чија студија ја издвои Република Северна Македонија како најмалку корумпирана од земјите во Западен Балкан. Според ГРП, земјава се наоѓа на 85-то место на листата, со индекс на корупција од 43,56 поени, пред Црна Гора на 89-то и Србија на 92-то место. Косово е на 122-та позиција, Албанија на 125-та, а Босна и Херцеговина на 131-та. Најмалку случаи на поткуп и корупција се откриени во Финска, а по неа следуваат Норвешка, Нов Зеланд, Данска и Шведска.

Пратеникот на движењето „Беса“, Кастриот Реџепи, пак, кој не се појави во Собранието во четвртокот кога требаше да се гласа по иницијативата на опозицијата за доверба на Владата, најави дека денеска на прес-конференција ќе каже зошто не се појавил и ја повика матичната партија да не презема избрзани чекори кои ќе им нанесат штета на партиските структури.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on