Познати имињата на дел од загинатите во автобуската несреќа

Од:

Зоран Давидоски, Јовица Трпевски, Ајден Исмаили, Реметула Абдурахими, Онур Садику, Бобан Аврамоски, Бесим Камбери, Есад Емрули, Трпана Јовановска и Павле Костовски се меѓу 14-мината загинати во автобуската несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово.

Павле Костоски бил вработен во Организацијата на потрошувачи на Македонија, од каде изразија сочувство за неговата смрт. Костовски бил студент на Правниот факултет во Скопје.

Еден од најмладите загинати е 19-годишниот Онур Садику кој студирал на Медицинскиот факултет во Скопје. Меѓу загинатите е и Бобан Аврамоски, 22-годишен студен на ФОН. Во вчерашната стравотна несреќа животот го загуби и Јовица Трпевски, кошаркар и син на пратеникот Благоја Трпевски, како и 37-годишниот Зоран Давидоски, вработен во Секторот за сообраќај на Град Скопје.

Најстарата жртва од вчерашната несреќа е Трпана Јовановска од Гостивар.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски