Познат идентитетот на убиецот и жртвите во скопски Аеродром

Од:

34-годишната Наташа и нејзината 31 годишна сестра Билјана денеска околу 11:00 часот се убиени во скпската населба Аеродром, потврди МВР.

Според првичните информации кои ги соопшти полицијата, во нив пукал 36 годишниот Игор.

Според првичните сознанија и информации кои ги имаме од разговорите со соседите убиецот по 11 часот утринава дошол во станот на Наташа каде на врата ја затекнал нејзината сестра Билјана и и се заканил да не заминува. Тој ја натерал да се врати во станот. По кратка расправија пукал во двете жртви по што си го одзема животот, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Пиштолот полицијата го пронашла покрај неговото тело. Според првичните информации, тој оружјето го поседувал со дозвола.

Убиецот има досие во полициската евиденција. Во 2004 година бил пријавен за загрозување со опасно оружје при тепачка.

ФОТО: Република

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи