Познат идентитетот на петтемина напаѓачи на Села

Од:

Андреј Мицов, Никола Војминовски, Александат Јаневски – Тошта, Коста Делов и Стојан Павлевски – Кобра се петтемина скопјани кои полицијата ги приведе за инцидентите во Собранието на 27 април и нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, објави „Макфакс“.

Тие се на распит во полициска станица по што ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.

Според Законот за кривична постапка, судија мора да одлучи во рок од 24 часа дали ќе им определи притвор. Јавното обвинителство претходно извести дека е проширена истрагата за нападот на Села за уште пет лица за сторено кривично дело убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

МВР во мај ги приведе К.Ѓ. (39) и Ц.Ѓ. (68), татко и син, за кои полицијата утврди дека физички го нападнале и го влечеле лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. По наредба на судија, полицијата тогаш извршила претрес на домот на К.Ѓ. при што биле „пронајдени и подигнати патики со траги слични на крв, облека и три мобилни телефони, кои со потврда за привремено одземени предмети му се одземени“. На двајцата им беше одреден притвор.

МВР во меѓувреме побара помош од граѓаните за идентификување три лица што упаднаа во Собранието и јавно ги објави нивните фотографии.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески