Позитивни на коронавирусот се 53 работници од светиниколска „Мода“

Од:

Во светиниколската конфекција „Мода“ вкупниот број заразени работници изнесува 53, откри скринигот кој го направи компанијата. Последните резултати од тестирањето се пристигнати утринава, кои покажаа дека на претходните 45 се додаваат уште осум работници позитивни на Ковид-19.

Директорот на „Мода Ад“ –Свети Николе, Ангел Димитров вели дека во скринингот во кој компанијата самата инвестираше беа опфатени вкупно 620 работници, а претходно 200 биле изолирани или седеле дома поради владините мерки за чување деца до 10 години, хронични заболувања или бремени жени.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека по добивањето на последните резултати во најголемата фабрика во Свети Николе очекува веќе наредната недела да се намалуваат бројките на заразени, бидејќи колку се активни, толкав број на граѓани се и во изолација.

Според здравствената состојба на заразените 80 отсто од нив се асимптоматски, додека потешки случаи се хоспитализирани во регионалните ковид центри во Штип и Велес.

Би можело да ве интересира

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Маж кој се претставувал како полициски инспектор сакал да измами седум семејства од Свети Николе

Горан Наумовски

Пожар во Свети Николе, изгореа два објекта

Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов