ВИДЕО: И поддршка и негодувања, но без проблеми, помина првата парада во Скопје

Од:

Со музика и играње протече првата парада на гордоста што се одржува во Скопје. Учесниците на парадата пристигнаа во градскиот парк, каде што Тамара Тодевска ја испеа песната со која настапи на Евровизија „Proud“.

Таа им ја посвети песната на присутните, чијшто текст се поклопува со концепот дека секој треба да е горд со она што е.

Со транспаренти во рацете и знамиња со боите на виножитото, учесниците парадираа по скопските улици, а забележливо беше присуството на учесници од повеќе држави, меѓу кои Грција, Бугарија, Србија, Велика Британија. Додека траеше парадата и учесниците маршираа низ „Илинденска“ можеа да се забележат љубопитните погледи на граѓаните кои ѕиркаа од прозорците. Некои од нив ги отпоздравуваа учесниците, но имаше и такви кои извикуваа „Уа“.

„Горди сме што денеска некои се одважија и излегоа на парада и рекоа ‘јас сум геј и тоа е ок’“, изјави на бината една од учесничките на парадата во Градскиот парк.

На настанот присуствуваа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, советникот Роберт Алаѓозовски, екс-пратеникот Павле Богоевски, како и голем број членови на невладини организации, граѓански активисти, новинари.

На социјалните мрежи можеше да се забалежи голем говор на омраза пртив денешната парада, но тоа сепак не ја наруши позитивната атмосфера која што владееше помеѓу присутните.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Владика повика на вооружена пресметка со ЛГБТ популацијата во Србија, па и премиерката Брнабиќ

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Полицијата ја растури Парадата на гордоста во Истанбул, десетици уапсени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Парада на гордоста во Атина

ВИДЕО: Во Приштина на 40 степени се одржа петтата Парада на гордоста

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Парада на гордоста: Со „Љубов вон ѕидовите“ се маршира во Скопје

Кристијан Ландов