Пожарот во Ресенско ставен под котрола

Од:

Пожарот што во неделата избувна во близина на ресенското село Арвати, на потегот  спрема селата Брајчино и Сливница е ставен под контрола, информира денеска командирот на Територијалната противпожарна единица Ресен Ванчо Илиевски.

Екипи на ТППЕ – Ресен и на јавното претпријатие „Македонски шуми“ од Ресен, кои учествувале во гасењето се уште се на терен и контролираат да не дојде до повторно активирање, бидејќи, според Илиевски, се работи за голем и непристапен простор од 300 хектари пасишта, дабова и букова шума.

– Пожарот е под контрола. Неговото гасење одеше отежнато бидејќи се работи за огромен и недостапен простор. На тоа место бил Францускиот фронт за време на Првата светска војна и има многу пешадиска муниција, којан претставува опасност за луѓето. Пукаат куршуми и бомби, а пронајдена е и една граната, за што е известена Дирекцијата за заштита и спасување, изјави Илиевски за МИА.

Според него, нема опасност од опфаќање на куќи и други објекти, но причинета е голема материјална штета, која дополнително ќе се утврдува.

–  Опожарени се огревни дабови и букови дрва. Штетата дополнително ќе се утврдува, истакна Илиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени