Пожарот во Јасен уште е активен, кај селото Долно Дупени е ставен под контрола

Од:

Пожарот во атарот на с. Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на ТППЕ Ресен и Национални Шуми, е ставен под целосна контрола. Екипите патролираат а по потреба и дејствуваат за да се спречи негово реактивирање, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

– Пожарот на територијата на ловиштето Јасен е сеуште активен. Екипи на Јасен и Национални Шуми се излезени на терен но поради непристапност на теренот не се во можност да дејствуваат. Утрово дејствуваа два полициски хеликоптери но поради силниот ветар ефектот беше намален. Кон пожарот се упатија два ер трактори на ДЗС. Превентивно се упатуваат и три пинцгауери на ДЗС како и 25 припадници на МВР, рече Ангелов.

Би можело да ве интересира

До утринава вкупно 31 пожар на отворено во Македонија

А1он

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати