Пожарот се приближува кон кочанското село Врбица

Од:

Пожарот кој од вчера беснее во Општина Чешиново-Облешево, утринава „влезе“ и во Општина Пробиштип, а попладнево се доближи на сто метри воздушна оддалеченост од кочанското село Врбица, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој е во селото.

Посочува дека ова село и пред десеттина дена исто така беше во опасност од огнените јазици, а во моментов на терен се, како што вели, пожртвуваните кочански пожарникари и доброволци.

Во атарот на Општина Пробиштип исто така на терен се и пожарникарите од ТППЕ-Пробиштип и доброволци, кои пред неколку часа со контрапожар не дозволија огнот да влезе во селото Трипатанци.

МИА претходно информираше дека во гаснењето на овој пожар од утринава се вклучени и ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и два полициски хеликоптера. Станува збор за голема опожарена површина, во која горат сува трева, нискостеблести растенија, но и шума.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски