Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под контрола

Од:

Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Како што соопштува Ангелов, на некои места во внатрешноста на опожарениот простор се уште има догорувања, но, вели, нема опасност од негово ширење. Тој посочува дека противпожарните екипи во моментов работат на доизгаснување на остатоците и ќе продолжат со патролирање во текот на ноќта.

Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола, сеуште на некои места има догорувања во внатрешноста на опожарениот простор но нема опасност од негово ширење. ПП екипи работат на доизгаснување на остатоците и ќе продолжат со патролирање во текот на ноќта, соопштува Ангелов.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски

Локализиран е пожарот во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје, при гаснењето дошло до инцидент, па реагирала и полицијата

Горан Наумовски

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

ЦУК: Пламна голем пожар во атарот на скопското село Батинци