Пожарот на Серта смирен, гори на неколку мали локации, вели градоначалникот на Неготино

Од:

Утринава е мирно на Серта, гори на неколку мали локации, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

– Извршив посета на планината Серта каде неколку денови има пожар. Од она што можев да го регистрирам, но и од информациите од вклучените во гаснењето на пожарот, утринава е мирно и пламените јазици речиси и да ги нема. Проблемите почнуваат со покачување на температурата и присуството на ветер. На терен и покрај мирната состојба се присутни и активни голем број чинители. Ја следиме состојбата и дополнително ќе информираме, соопшти тој.

Пожарот на Серта избувна во средата околу 10:30 часот и во изминатите денови таму се гаснеше од земја и воздух.

Доцна синоќа, Кризниот штаб на Општина Неготино донесе заклучок да се побара од ДЗС дополнителна противпожарна опрема, од СВР Велес обезбедување дрон за подобра прегледност на теренот и од Македонија пат, механизација.

– Пожарот на планината Серта е се уште активен, битката со огнот продолжува. И покрај натчовечките напори вложени во гаснењето на пожарот на планината Серта од страна на сите учесници и дејствувањето од воздух и од земја, сепак пожарот не е ставен под контрола и се уште е активен, било констатирано на состанокот на Штабот.

Надлежните како причина за тешкотиите при гаснењето ги навеле непристапниот терен, густата вегетација, високите температури и ветерот кој често го менува правецот.

На состанокот на Кризниот штаб на општина Неготино, заклучено било активностите за гаснење пожар од воздух и земја и со расположливите ресурси, да продолжат и денеска.

Би можело да ве интересира

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати

ВИДЕО: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите

Катерина Ѓуровски

29 пожари на отворено за 24 часа, активни се три