Пожарот кај Валандово се гаси од воздух, гори и во прилепскои кумановско

Од:

Пожарот во Валандово и натаму е активен, има повеќе краци и се движи кон селото Палњурци и кон Богданци соопштија утрово од Македонски шуми. Активни пожари има и во прилепско, Македонски брод и во Општина Старо Нагоричане.

– Пожарот во општина Прилеп кај село Бешиште кој е приземен, гори трева и листењак во квалитетна мешана шума. Вториот крак од овој пожар кај село Градешница, навлезен во општина Могила, утрово е повторно разгорен. Пожарот во општина Валандово и покрај огромната заложба повторно е активен, а утрово таму се гаси и од воздух, а се користи и механизација. Овој пожар има повеќе краци и истиот движи и кон село Паљурци во општина Богданци. Пожар исто така имаме и на територијата на Макдонски Брод. Последниот активен пожар е пожарот во општина Старо Нагоричане кај селото Длабочица кој засега е приземен во мешана борова и букова шума. За жал, во овој пожар во Кумановско утрово имаме повредено и една колешка која е пренесена во општата болница Куманово. Ова е четврта повреда на наш колега во борбата со огнените стихии. Двајца колеги беа подложени на кислородна поддршка, а останатите двајца имаат други повреди, објави заменикот директор на Национални шуми Кире Михаилов.

Би можело да ве интересира

Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа околу 15 хектари

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

ВИДЕО: Локализиран пожарот кај штипскиот Исар, гори во Пробиштипско и во Чешиново

Пожар во близина на македонско – грчката граница во Дојран

Пет активни пожари на отворен простор низ државата, најмногу зафатена сува вегетација и ѓубре

Повторно пожар во Визбегово