А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожарот кај селото Чајлане ставен под контрола

by А1он06/08/2013 - 12:24160
Share0

Пожарот во атарот на селото Чајлане утрово е ставен под контрола и е спреченмо негово ширење кон националниот парк „Јасен“, информира Центарот за управување со кризи.

Добивај вести на вибер

Огнот избувна вчера попладне и беше локализиран, но околу 21 часот синоќа повторно се активира. Зафатени се сува трева и мешана шума, како и ниска вегетација во кругот на ловиштето Јасен.

Во гаснењето на пожарот учествуваа екипи на Бригата за противпожарна заштита на град Скопје, Шумското стопанство Караџица и Националниот парк Јасен.

Центарот за управување со кризи упатува апел до граѓаните да внимаваат при посети на отворени места или при работни активности во шумите и други локации кои се со обрасната или необрасната шума и да не користат запаливи материи, кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.

Доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или чад, граѓаните веднаш треба да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи.

pozar

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски08/03/2026 - 09:0908/03/2026 - 09:12

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен