Пожарот кај село Соколарци сѐ уште активен, го гасат три „ер-трактори“ и хеликоптер

Од:

Пожарот кај селото Соколарци е сѐ уште активен. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше дека сувата трева гори многу бргу, а ветрот што почнува да дува, го носи огнот на разни страни.

– Горат и трња, што се исто така лесно запаливи. Од тие причини, да не биде загрозено некое од локалните села, ангажирани се три „ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, делуваше и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Во секој момент треба да пристигне уште еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, појасни Ангелов.

Тој истакна дека даваат сѐ од себе, пожарот да биде ставен под контрола.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски