Пожарот кај Македонски Брод се уште активен, ангажирани сили на АРМ

Од:

Сили на АРМ се ангажирани за спречување на пожарот кај Лутоец – м.в. Змијарник, кој се уште е активен, за да не се прошири кон с.Требовље. Оштетени се три дрвени столбови за напојување на електрична енергија на населеното место с.Близанско. Пожарот во с.Девич е ставен под контрола, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Според податоците со кои располага ЦУК за состојбата со пожарите во Македонија до 11:30 часот, во моментов за гаснење на пожарот во атар на с.Требовље ангажирани се: АРМ за пожарот во с.Требовље и дел од атар на с.Растеш), ТППЕ на Македонски Брод; БППЗ Скопје, два хеликоптера од АРМ (дејствуваа од утринските часови). Месното население од с.Растеш и доброволци од Тетово се вклучени за гаснење на пожарот во с.Растеш, ЈП Македонски шуми од Македонски Брод се ангажирани за дејствување на пожарот во с.Девич којшто е ставен под контрола, како и ДЗС.

Пожарот во с.Слатина е локализиран.

Пожарот кој започна вчера во атарот на с.Подвис кон с.Локвени е сеуште активен. Гори нискостеблеста деградирана дабова шума. Во текот на вчерашниот ден гаснеле екипи на ТППЕ Крушево, ТППЕ Кривогаштани и месно население. Во текот на вчерашниот ден постоела опасност од зафаќање на околината и манастирот „Св.Атанасие“ но со навремена интервенцијата опасноста била надмината. Во утринските часови упатена е екипа на ТППЕ Крушево и вработени од ЈП „Липа“ Крушево. Во претпладневните часови ќе се упати уште една екипа од ЈП „Липа“ Крушево. Во моментот опасноста од проширување на пожарот е надмината, активно се гаси и нема опасност од проширување и од другата страна кон с.Житоше. Се очекува во текот на денот тој да биде локализиран.

Пожарот во атарот на с.Корито е локализиран. Од раните утрински часови екипа е на терен и интервенира. Горела сува трева, информираат од Одделение за односи со јавноста при Центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски