Пожарот кај Љуботенски бачила ќе се гасне со авиони, се шири пожарот кај Лакавица, а под контрола ставен тој кај Сирхан

Од:

Побарана е интервенција на авиони за гаснење на пожарот кај Љуботенски бачила, а пожарот кај Драчево го прекина железничкиот сообраќај кој се очекува да се нормализира. Нови пожари попладнево има кај Небрегово и Гостивар. Пожарот во Тетовско кај Лакавица се шири кон село Седларево. Под контрола е ставен пожарот кај Саса и во Преспа кај Сирхан.

Од ЦУК информираат дека во скопски регион се уште е активен пожарот на местото викано Љуботенски бачила каде е зафатена поголема површина нискостеблеста дабова шума и трње, а во моментот дува силен ветер и го шири пожарот кон м.в. „Башинец“. Теренот е непристапен, и побарано е да дејствуваат авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. На лице место се упатени припадници на шумско стопанство Караџицa.

Пожарот во близина на фабриката за тули „Типо“ – Драчево е изгаснат. Пожарот зафати дел од пругата, поради што сообраќајот беше во прекин на релација Скопје – Велес. Екипите на МЖ за санација на инсталацијата се на терен и се очекува сообраќајот да биде нормализиран.

Шумски пожар е појавен и кај манастирот Св. Богородица – Матка, а поради силниот ветер пожарот се шири брзо. До сега е опожарена голема површина даб и смрека. Известени се БППЗ на Град Скопје и ШС Караџица.

Во битолскиот регион пожарот има кај селата Прељубје и Покрвеник, а кај Перово место викано Вича е целосно изгаснат.

Пожарот во Национален Парк Галичица реонот туристичка населба Сирхан-м.в. Кале е ставен под контрола.

Во општина Долнени појавен е пожар кај село Небрегово каде гори шума. На терен се екипи од ТППЕ-ПРИЛЕП. Активен пожар има и кај село Топлица во близина на каменоломот, на терен се екипи од ТППЕ-ПРИЛЕП.

Во Тетовско, пожарот кај село Лакавица, општина Желино е се уште активен и се шири кон село Седларево потпомогнат од силниот ветер. Во општина Гостивар појавен шумски пожар кај село Ѓурѓевиште на пожарот интервенираат од ТППЕ Гостивар.

Во охридски регион има активен пожар во атарот на село Рамне во многу непристапен терен, гори ниска деградирана шума и смрека. На гаснење на пожарот има вработени од Шумско стопанство „Сандански“.

Во општина Македонски Брод интервенираат поради пожар во атарот на село Ботушје каде гори дабова шума. На гаснење на пожарот има вработени од ШС „Сандански“ и од месното население.

Во велешки регион активен пожар има во атар на село Црешнево. Во гаснењето на пожарот интервенираат екипа на ШС Бабуна и пожарникари од ТППЕ Велес.
Во општина Чашка има пожар во атарот на село Богомила, екипа на ШС Бабуна интервенира со правење на заштитен појас .

Во штипски регион во атарот на село Саса м.в Маалаците пожарот е локализиран но дел од пожарот се уште зафатена е нискостеблеста шума на површина од околу 150 Ха. На терен се од ТППЕ Каменица вработени во Саса, како и вработени во Македонски шуми.

Во општина Берово има активен пожар во атарот на м.в Цареви колиби Владимирово каде гори папрат и деградирана дабова и борова шума. Во гаснење на пожарот интервенираат вработени од Шумското стопанство и месно население за да се спречи ширење на пожарот кон викенд куќички.

Во струмичкиот регион во атарот на селата Свидовица и Куклиш има шумски пожар каде гори борова шума. Во гасењето учествуват од ТППЕ Струмица и од ШС Беласица

Во кумановскиот регион во Општина Липково пожарот во атарoт на село Никуштак кај место викано Баре е изгаснат.

Во општина Крива Паланка во атарот на село Габор маало Милчовци према Метежево има пожар каде гори сува трева и мешовита шума. Во гасење на пожарот интервенираат ТППЕ Крива Паланка и екипа од ШС Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Левица: Изгореа над 94 000 хектари шума или 9,5% од вкупната шумска површина – кој ќе понесе одговорност?!

Четворица битолчани заработија кривични за предизвикување на пожари

Дождот ги изгасна сите пожари на отворено

Пожарот во Мариово е ставен под контрола