Пожарот кај Катланово е во близина на бензинската пумпа, екипи на Противпожарна се обидуваат да го локализираат

Од:

Командирот на Противпожарната бригада, Владимир Симоновски за „А1он“ вели дека пожарот кај Катланово не е локализиран, но дека интервенираат седум противпожарни возила, кои работат на тоа.

Според него, нема опасност за околните објекти и бензинската пумпа и очекува огнената стихија набргу да биде изгасната.

„Пожарот не е локализиран, но работиме на тоа. Имаше пожари на три локации, една веќе изгласнавме. Сега гори на потегот меѓу бизниската пумпа „Окта“ и викендиците кај Катланово. Нема опасност бидејќи пожарот не е рашиен, а ветерот дува во правец кон автопатот, што за нас е позитивно бидејќи брзо ќе го изнаснеме. Истовремено интервенираме и на потегот после бензинската пумпа. На терен се седум противпожарни возила и едно притватно возило што ја чува бензинската пумпа“, вели Симоновски.

Пожарот кај Катланово избувна пред еден час. По пријавата во Противпожарната бригада, на терен излегле две екипи, а потоа, по побарано засилување се приклучиле уште пет возила.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје