Пожарот кај Кадрифаково делумно под контрола, нов над Вратница

Од:

Пожарот кај Кадрифаково во поголем дел е ставен под контрола, а огнените јазици зафатија мал дел од боровата шума.

Според Дирекцијата за заштита и спасување, на лице место интервенира по една екипа од Велес и Куманово, како и три противпожарни возила од Свети Николе.

Побарана е помош и од воздух, при што во гасењето се вклучени и авионите. Малку недостасуваше огнената стихија да ги зафати куќите

Пожарот во атарот на селото Пестриша е локализиран, додека пожарот во атарот на селото Вражале се префрли во повисоките делови на шумата, заради што е побарана интервенција од воздух.

Пожар има и во атарот на кумановското село Гошинце, во битолско Богровено, а огнената стихија над Вратница, Општина Јегуновце, се шири со поголеми размери.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски