Пожарот кај „Јасен“ се прошири кон скопските села

Од:

Пожарот кај Националниот парк „Јасен“, се шири и конс скопските села. Тука интервенирале пожарникари и вработени од „Јасен“.

Пожарот зафати 50 хектари борова и мешана шума.

Активен е и пожарот во атарот на селото Радуша каде е зафатена мешана шума во повисоките делови. Гасењето е отежнато поради непристапниот терен.

Пожарот во реонот на селото Бањица е активен и проширен кон селата Бањица, Лисиче, Дреново, Брана Лисиче и Бреза. Зафатени се околу 200 хектари и гори сува трева и габер, нискостеблеста дабова шума (стара сеча од 1997 година), како и висококвалитетна шума. Интервенираат вработени од Шумското стопанство „Бабуна“, но поради непристапноста на теренот гаснењето е отежнато. Побарано е да се дејствува од воздух.

Поради непристапен терен отежнато е и гаснењето на пожарот кај селото Стрима, кој е проширен во правец на селото Ранковце. Зафатена е мешана шума (брест, даб и бука) на површина од повеќе од 250 хектари. Од страна на локалната самоуправа Липково побарана е интервенција од воздух.

Активен е и пожарот во реонот на селото Грачани кој е проширен на непристапен терен, додека пожарот кај селото Туденце во општина Јегуновце е делумно локализиран со помош на месното население, но е со помал обем на високо непристапен терен во делот кон селото Сиричино. На негово локализирање, како што информираат од Центарот за управување со кризи, ќе се интервенира во текот на денешниот ден.

Би можело да ве интересира

Маж од Буенос Аирес усмрти три жени, четвртата се бори за живот

Во Белград: Две лица се избодени со нож, жена е повредена во пожар

Се запали локомотива во Гевгелија

Пожар во Дом за стари лица во струмичко Банско, нема повредени

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“